X
 08.07.2020 Живот

Македонската компанија „Brainster“ почнува со работа во Виена

Новонастанатата ситуација, така сѐ уште ја нарекуваме, е факт. Ова е реалноста. Се случува сега и треба да анализираме, да размислуваме, да пробаме да го предвидиме влијанието. Но, целосните последици од влијанието на пандемијата нема да бидат познати во наредните месеци – можеби години. Но тоа што е сигурно, компаниите треба да продолжат да инвестираат, да отвораат работни места, да пивотираат, да се приспособуваат, а со тоа да придонесат за закрепнување на економијата во нашата држава.

Македонската компанија за едукација „Brainster“ од неодамна почна со работа во Виена. Од своите стартап-почетоци во 2015 година, „Brainster“ порасна во заедница од 9.000+ алумни, 150 инструктори експерти во својата област, и широка мрежа од 300 партнерски компании.

- Ги усовршуваме програмите и методологиите за учење на дигитални вештини веќе 5 години. Соработувајќи со експерти од индустријата и одблиску набљудувајќи ги сите фази на процесот на учење, направивме голем локален импакт кон подготовка на кадрите за дигиталната економија. Нашата мисија сега е глобална - Виена е само почеток на нашите чекори за експанзија на нови пазари во Европа и во Азија за 2021 - вели Петар Ниновски, основачот на „Brainster“.

Во Македонија експанзијата значи нови отворени работни позиции во тимот на „Brainster“, како и други можности за вработување, вмрежување, бизнис и консултации како последица на интернационалната мрежа и експертиза. Сите дипломирани студенти, моментални студенти, и оние што ќе се запишат во октомврискиот уписен рок, ќе добијат доживотен пристап до платформата и програмата за континуирано учење. Можностите ќе продолжат да се прошируваат со пристигнувањето на „Brainster“ во нови градови.

Во 2020 година засекогаш се промени начинот на кој луѓето живеат, работат и учат. Компаниите низ светот работат на тоа да ја забрзаат дигитализацијата за да ја пресретнат глобалната трансформација, имајќи потреба од кадри со дигитални и технички вештини. Тимот на Brainster одлучи да се фокусира на тоа да ги направи овие дефицитарни вештини достапни за секого, придонесувајќи кон изградба на заедници од иднината, подготвени да се соочат со предизвиците на новиот свет.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот