X
 29.03.2024 Живот

Квинси Џонс: „Замислете колку хармоничен би бил светот ако секој човек, и млад и стар, сподели малку од она во што е добар“

Квинси Делајт Џонс Џуниор е американски продуцент, текстописец, композитор, аранжер и филмски и телевизиски продуцент. Неговата кариера е долга над 70 години, со 28 освоени „Греми“ од вкупно 80 номинации и „Греми“ за легенда во 1992 година.

Ова се некои од неговите попознати мудри мисли и цитати.

- Секој ден татко ми ми го велеше истото: „Штотуку започната задача никогаш не оставај ја додека не ја завршиш. Без оглед дали работата е голема или мала, или заврши ја добро или воопшто не ја завршувај“.

- Правиш грешки за да стигнеш до тоа да бидеш подобар.

- Не можеш да добиеш петка ако се плашиш да добиеш единица.

- Никогаш не сакам да пораснам. Тоа е досадно.

- Прифати ги своите грешки и нема да продолжиш да ги правиш повторно. Истото е и со скршеното срце и девојките и сѐ друго.

- Младите луѓе треба да патуваат, а тие не го прават тоа. Не можеш да знаеш нешто ако не патуваш.

- Секој, без разлика на неговата професија, треба да ја додаде музиката во животот. Музиката може да биде многу важен дел од вашата душа и вашиот раст како човечко суштество. Таа е толку моќна.

- Замислете колку хармоничен би бил светот ако секој човек, и млад и стар, сподели малку од она во што е добар.

- Извонредноста не е дело, туку навика.

- Рано научив зошто Бог ни даде две уши и една уста. Бидејќи треба да слушаш двапати повеќе отколку што зборуваш.

Извор: Graciousquotes.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот