Нејзините книги беа доста важно во 1960-тите, кога Америка се соочувала со расни проблеми. Нејзините книги и децении подоцна се доста важни за американското општество и светот воопшто.
Нејзината книга „Да убиеш птица подбивница“ е раскажана од 6 годишната Скаут, и за нејзиниот татко адвокат, Атикус Финч, кој брани црнец кој е обвинет за силување на бела жена. Романот ги прикажува расните предрасуди, животот за време на Депресивната ера, како и предизвиците на растењето. Во самото срце, книгата раскажува една приказна за борбата за правда која ги плени и децата и возрасните.
Мислите во самата книга вреди постојано да се повторуваат бидејќи тие се полни со мудрост и добрина. Ова се некои од најдобрите.
1. Она нешто кое не се придржува кон владеењето на мнозинството, е совеста на една личност.
2. Никогаш не сте ја разбрале личност се` додека не ги земете во предвид работите од нејзина гледна точка - се` додека не „влезете“ во нивна кожа.
3. Луѓето со вистински и прав ум никогаш не се гордеат на своите таленти.
4. Понекогаш Библијата во рацете на еден човек е полоша од шише виски во раката на друг човек. Постојат луѓе кои се премногу загрижени за следниот свет, такашто не научиле да живеат во овој - можете да погледнете на улица и да ги забележите резултати.
5. Никогаш не е навреда ако некој ве навреди со име за кое мисли дека е лошо. Со тоа покажува колку сиромашна е таа личност, и не ве повредува вас.
6. Се` додека не се исплашив дека ќе изгубам, јас никогаш не сакав да читам. Тоа е исто како некој да не сака да дише.
7. Како што растеш, секогаш кажувај ја вистината, немој да му штетиш на другите, и не мисли дека си најважното суштество на земјата. Богат или сиромашен, на тој начин ќе можеш да го погледнеш секој во очи и да му кажеш: „Можеби не сум подобар од тебе, но дефинитивно сме еднакви“.
8. Мислам дека постои само еден вид на луѓе. Оние кои се луѓе.
9. Пред да започнам да живеам со другите луѓе, прво треба да живеам со себеси.
10. Нештата секогаш се подобри наутро.
11. Само држи ја главата високо и тупаниците долу. Без разлика на тоа што ти велат луѓето, не дозволувај да допрат до тебе. За промена, обиди се да се бориш со главата.