Истражувачите од „Гардијанс оф Стенфорд енџениринг“ своевремено претставиле едноставна манжетна, дизајнирана далечински да пренесува информации за основните емоции на соговорникот, како што се визуелните емотикони на среќа или тага, на пример, преку допир. Опремена со актуатори кои ја допираат подлактницата на носителот, оваа манжетна може да испорача „хаптични емотикони“, како што ги нарекле нивните креатори.
Истражувачите од „Стенфорд“ биле водени од друга мисла - да создадат едноставен уред кој ќе пренесува емоционална содржина преку симулиран допир и кој може да се користи во различни пригоди, од конзоли за игри до телемедицина.
Универзитетскиот колеџ во Лондон и австралискиот институт „Кернмилар“ одлучиле да ги тестираат можностите на овие манжетни во интеракциите на социјалните мрежи. Нивната студија покажала дека вклучувањето „дигитален допир“ и „тактилни емотикони“ значително ги зголемува чувствата на поддршка и одобрување и дава подобри резултати од споделувањето визуелни емотикони, како што се срца или емотиконот „палци нагоре“.
Според истражувачите, ова сугерира дека физичкиот допир може да пренесе значење без друга придружна комуникација, дури и ако е сосема непознат. Сепак, најдобри резултати се дадени со повратни информации составени од визуелните и тактилните емотикони. Притоа, истражувачите посочуваат дека допирот може да им даде дополнителен контекст на визуелните емотикони, кои понекогаш може погрешно да се протолкуваат.
Важен е и типот на допир, велат тие. Имено, допирот испорачан со брзина што го активира Ц-тактилниот нервен систем, одговорен за производство на позитивни емоции поврзани со допирање или гушкање, луѓето го доживуваат поповолно од кој било друг вид допир.
Извор: bug.hr
Фото: