X
 30.06.2024 Живот

Вратете ја свежината на стариот леб за неколку минути

Просечна векна леб има рок на траење од 24 часа. Но, можете да ја вратите свежината на стариот леб за неколку минути.

Ставете тврд леб под млаз вода или потопете го во сад со вода. Не е важно дали водата е топла или ладна. Добро натопете го.

Потоа лебот се пече шест до седум минути во загреана рерна на 150 или 160 Целзиусови степени. Ако имате голема векна леб, печете 10 до 12 минути.

По печењето, лебот повторно ќе добие свеж вкус, па ќе можете да уживате во јадењето. Овој кулинарски „трик“ функционира бидејќи водата претворена во пареа ја рехидрира внатрешноста на лебот и ја прави кората крцкава.

Секако, овој совет не треба да го применувате доколку лебот е премногу стар и мувлосан. Најдобро е веднаш да го фрлите. Ако јадете мувлосан леб, ги зголемувате шансите за ослабен имунитет, а може да настанат сериозни проблеми како што е оштетување на црниот дроб и на бубрезите.

Извор: Klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот