X
 10.11.2019 Живот

Што се случува кога ќе направите леб од квасец стар 4.000 години?

Шимус Блекли, археолог-египтолог се здружил со биолог и експерт за приготвување јадења со квасец за да тестираат дали сè уште е употреблив квасецот што го пронашле на дното на 4.000 години стари садови од антички Египет.

Штом бил активиран, квасецот повторно почнал да се размножува. Имено, квасецот е едноклеточна габа што не ги губи своите својства дури и кога се суши. Тоа веќе го испробал археологот Серена Лав од Универзитетот во Квинсленд, која со квасецот собран од дното на садовите пронајдени во египетските гробници и со употреба на рецепти што ги нашла меѓу пергаментите со хиероглифи направила неколку вида пиво.

Таа сега ѝ се приклучила на „пекарницата“ што си поставила задача да испече леб од квасецот стар 4.000 години што античките Египќани веројатно го правеле и го јаделе. Шимус тргнал во потрага по остатоци од тесто во садовите што четири милениуми биле во гробниците за да се обиде да го активира квасецот и да испече леб.

1
Фото: Twitter


Шимус посетил неколку универзитети во САД кои имаат музејски колекции на египетски антиквитети за од нив да добие дозвола да земе тенок слој квасец од долниот дел на садовите, а потоа смислил неинвазивен метод за минимизирање на штетите на овие скромни остатоци од квасец. Тој со инјекција го извлекол квасецот за да не ги уништи другите габи што подоцна би спречиле квасецот да се „разбуди“ и да почне да се размножува.

Потребната влага ја обезбедил со влажна стерилна вата и со тоа го вратил во „живот“ квасецот што подоцна го измешал со еден вид брашно што се добива од житарки  што ги користеле Египќаните.

Членовите на тимот на крајот го пробале лебот и констатирале дека може да се јаде. Следниот чекор на Шимус е да се утврди прецизната старост на квасецот што бил користен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот