X
 08.04.2017 Технологија

Андроид апликации меѓусебно споделуваат информации од милиони корисници

Најново истражување открива дека апликациите за персонализирање на телефонот, како што се оние за подесување на рингтонот, позадината и „widget“ – от, меѓусебно споделуваат информации без дозвола на корисникот, што може да доведе до загрозување на безбедноста и приватноста.


Меѓу податоците кои апликациите и разменуваат се и локацијата на корисникот, информации за контактите, но и други приватни податоци.

Истражувањето е спроведено на повеќе од 100 илјади различни апликации, а проблемот е откриен во 23.495 апликации. Кога еднаш ќе се инсталираат таквите апликации, тие меѓусебно можат да комуницираат без дозвола на корисникот, додека некои можат и да читаат лични податоци. Типовите на закани кои доаѓаат од апликациите можат да се поделат во две категории. Имено, на корисничките податоци може да се пристапи со помош на специјални „malware“ апликации кои се дизајнирани да извршат сајбер напад, но и по пат на обични апликации кои дозволуваат меѓусебно делење на податоци.

За да ги тестираат потенцијално проблематичните апликации, истражувачите развиле алатка „DIALDroid“ со која би требало 6.340 часа за да се анализираат сите потенцијално опасни апликации. Истражувањето покажало дека и апликациите како батериска ламба можат да претставуваат опасност и дека ги шпионираат корисниците.

Меѓутоа, апликациите кои во најчести случаи се опасни, кога на корисникот му нудат можност за персонализирање, како емотикони, рингтонови и слично.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија