Мислевте дека „ајфон икс“ има сè? Но кога ќе го погледнете овој луд паметен телефон кој има три дисплеи, два процесора, повеќе камери и цена од 2.749 долари, ќе се премислите.
Паметниот телефон кој доаѓа од некогашната компанија „Тјуринг роботикс индустри“ дефинитивно го заслужува вашето внимание. Компанијата во меѓувреме го промени името и сега се вика „Тјуринг спејс индустри“, па многумина се прашуваат каква врска има оваа компанија со смарт-технологијата, односно со телефоните.
Одговорот лежи во нивниот концепт за телефони наречен „ХаблФон“ (
HubblePhone). Телефонот се преклопува и речиси целиот е екран. Телото на телефонот има главна платформа со 11,81-инчен 4К екран. Главната камера на телефонот е 60 мегапиксели со оптички зум од 15Х.
Горното ниво има два поединечни HD-екрани на предната и на задната страна, секој со повеќе од пет сантиметри, и има три камери од 12 мегапиксели.
Телефонот ќе има чипсет „Снапдрагон 855“ со 8 гигабајти РАМ и 256 гигабајти меморија за секоја „плоча“ одделно. Практично тоа се два ултрамоќни паметни телефони споени во еден. Двете платформи ќе имаат и свои засебни батерии од 2,800 mAh и 3.300 mAh.
Овој неверојатно паметен телефон има и неверојатна цена од 2.749 долари, а во продажба ќе се најде пред јуни 2020
година.