X
 17.07.2023 Технологија

„Епл“ сака да патентира екрани на намотување иако веќе постојат

Електронските уреди со екран на намотување не се новина, но се прилично ретки, дури и како концепти. Досега сме виделе телевизор на „Ел-џи“ со екран кој може да се собере како ролетна и концепт за мобилен телефон на „Самсунг“, кој исто така се намотува како свиток. Нешто слично најавуваа и од „Опо“, а „Моторола“ прикажа еден концепт, но тие досега не излегле на пазарот со готови производи.

Сега излезе и „Епл“ и тоа со пријава на патент за слична технологија. На крајот од минатата година нивните експерти предадоа пријава за патент во која се опишува електронски уред со екран на намотување, кој може да се замота и одмота. Таквиот екран би бил покриен со проѕирен заштитен слој од стакло, а тој би бил на деловите што се мотаат и би овозможил намотување во една насока.

Во пријавата од компанијата објаснуваат дека оваа технологија би можела да се примени на мобилните телефони, но и на таблетите, лаптопите, паметните часовници, телевизорите и други електронски уреди со екран. Сега останува да видиме дали американските експерти ќе проценат дека овој патент е уникатна иновација или веќе постои нешто слично што би ги спречило да им одобрат патент за екраните на намотување.

Извор: bug.hr
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија