X
 30.08.2023 Живот

Големите американски медиуми почнаа да го блокираат „Чет-ГПТ“ на своите платформи

Дизни, Њујорк тајмс и Си-ен-ен се меѓу десетината големи американски медиуми што го блокираат пристапот до „Чет-ГПТ“ и започнаа студена војна против вештачката интелигенција.

Редакциите на повеќе американски весници и телевизии преземаат одбранбени мерки да ги заштитат содржините од„Чет-ГПТ“, револуционерен чет-бот со вештачка интелигенција (ВИ) што за многумина е потенцијален агресор на и онака ослабената медиумска индустрија.

„Чет-ГПТ“ може да создаде имитација на текст, видео, звук и фотографија во речиси идентична форма и содржина како и оригиналниот автор на материјалот.

Блокирањето се прави со вметнување кодови во веб-страниците кои го спречуваат „Чет-ГПТ“ да ја скенира нивната платформа за содржини.
Си-ен-ен соопшти дека досега ваква блокада имаат ставено Њујорк тајмс, Ројтерс, но и медиумските џинови како Дизни, Блумберг, Вашингтон пост, Атлантик, Аксиос, Инсајдер, Еј-би-си њуз, И-ес-пи-ен и Готамист. Издавачите како „Конде наст“, „Херст“ и „Вокс медија“, кои подготвуваат повеќе познати изданија, исто така презеле одбранбени мерки.

Длабоките архиви и правата за интелектуалната сопственост на овие медиумски организации имаат огромна вредност и се клучни за тренирање модели на ВИ како„Чет-ГПТ“, за корисниците да добиваат поточни информации.

Студената војна против „Чет-ГПТ“ почна, претстои да го видиме и првиот истрел, напиша Си-ен-ен.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот