X
 03.05.2022 Живот

Македонија со скок од 33 места според индексот на слобода на медиуми

Македонија се најде на 57. место на листата според индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“ за 2022 година. Тоа е скок од 33 позиции во споредба со лани кога беше рангирана на 90. место од вкупно 180 земји.

Во Извештајот за медиумската ситуација кај нас се наведува дека новинарите не работат во непријателска атмосфера, но дека постои широк оптек на дезинформации и недостиг на професионализам, што придонесува за опаѓање на довербата на општеството во медиумите.

- Иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат професионални новинари и објавуваат оригинална содржина и поединечни портали кои објавуваат плагијат и прават копи-пејст на таквата содржина - стои во Извештајот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот