X
 30.09.2020 Технологија

„Мајкрософт тимс“, „Офис 365“ и „Аутлук“ се соочуваат со проблеми

Од „Мајкрософт“ соопштуваат дека го испитуваат прекинот што предизвика проблеми со канцелариските услуги засновани на облак, вклучувајќи го и софтверот за состаноци „Тимс“ низ целиот свет.

„Мајкрософт“ пријави проблеми, што значи дека голем број од луѓето не можат да се најават во мрежните услуги „Тимс“, „Аутлук“ и „Офис“.

Како што известува компанијата, луѓето што биле најавени на постојна сесија ќе можат да ја користат услугата.

- Утврдивме дека одреден дел од нашата инфраструктура не ги обработува барањата за автентикација навремено. Се обидуваме да го решиме овој проблем - изјави компанијата.

- Паралелно, го пренасочуваме сообраќајот кон наизменични системи за да обезбедиме понатамошно олеснување на погодените корисници.

На „Твитер“ компанијата го обвини неодамнешното ажурирање на услугите како причинител за прекинот и изјави дека ажурирањето ќе биде вратено за да се намалат проблемите.

Среде пандемија, услугите како „Тимс“ се од витално значење за луѓето да продолжат да работат од дома.

Извор: The Guardian
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија