Дали понекогаш се чувствувате изгубени? Еден жител на Турција не се чувствувал така дури и кога навистина се изгубил. Бејхан Мутлу бил прогласен за исчезнат во вторникот откако неговите блиски не можеле да стапат во контакт со него повеќе часа.
Тој бил заедно со пријатели, а потоа отишол во шума иако бил пијан. Таму ѝ се придружил на група која барала исчезнат човек, а впрочем станувало збор за него.
Подоцна сфатил дека потрагата е за него. Властите го вратиле дома откако му зеле изјава, пренесува „Дејли Сабах“.
Извор:
Daily Sabah
Фото: Twitter/Printscreen