X
 30.10.2018 Технологија

Роботи ќе градат роботи во најнапредната фабрика за роботика

Полека се приближуваме до точка од нашата технолошка еволуција кога влијанието и присуството на роботиката стануваат неоспорни. Пример за тоа е сè поголемата примена на роботиката во асистирањето во операциите и изведувањето на подводните мисии.

Една од најважните компоненти за здрав напредок на оваа клучна роботичка индустрија е во силната соработка меѓу локалните влади и индустриските лидери. Врз основа на ваков начин на размислување, влијателната технолошка компанија „АСЕА Браун Бовери“ (АББ) најави планови за конструкција на најнапредната фабрика за роботика во светот.

Се планира проектот да биде сместен во технолошкиот центар Шангај, Кина, и да биде поддржан со инвестиција од 150 милиони долари.

Дизајнирана со цел да стане златен стандард во иднината за фабриките за роботика, АББ предвидува во фабриката да има соработка меѓу роботите, истражувања направени со помош на вештачка интелигенција и различни дигитални технологии.

Со потегот влијателната швајцарска компанија ќе има уште поголема улога и во Кина и на светската сцена. Верувајќи во кинескиот потенцијал да стане глобален технолошки лидер, компанијата истакна дека е активна во земјата повеќе од 100 години и дека само од 1992 година инвестирала околу 2,4 милијарди долари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија