X
 15.12.2022 Култура

Џорџ Р. Р. Мартин: Морам да напишам уште 500 страници од книгата „Игра на троновите“

Авторот на „Игра на троновите“, Џорџ Р. Р. Мартин, вели дека му останале уште 500 страници за да ја заврши шестата книга „Ветровите на зимата“.

Мартин беше гостин во емисијата на Стивен Колберт. Мартин беше интервјуиран од анимираниот водител д-р Ајк Блум. Во текот на нивниот разговор се појави и познатиот писател Џејмс Патерсон, кој е познат по исклучително брзото пишување романи.

Откако слушна за 11-годишното одложување, колку што Мартин ја пишува претпоследната книга „Игра на троновите“, Патерсон рече: - Сум слушнал за блокада кај писателите. Но, јас го имам спротивниот проблем и страдам од „писателска дијареја“.

Прашање е дали серијалот некогаш ќе биде завршен

Патерсон праша колку страници напишал Мартин во период од една деценија.

- Околу 1.200, но романот сè уште не е готов. Потребни ми се уште 400-500 страници за да го завршам.

Ова значи дека во најдоброто сценарио Мартин има завршено околу 75 отсто од „Ветровите на зимата“, па со оглед на неговата брзина на пишување, значи дека ќе почекаме уште неколку години пред книгата да биде објавена.

Покрај тоа, Мартин треба да ја напише и последната книга од серијалот „Сон на пролетта“.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура