X
 30.10.2020 Живот

Најдобрите градови за пешачење

Пешачењето е најчеста форма на транспорт во светот.

Ново истражување процени кои метрополи во светот се најлесни за навигирање пешки. Париз се најде на две од топ-5 листи во „Педестријанс фрст“, извештај од Институтот за политика за транспорт и развој.

Проодноста се проценувала преку анализа на следните фактори: колку се блиски клучните услуги, како образованието и здравствената заштита, до местото каде што живеат луѓето и колкав е просторот каде што нема автомобили. Примената на овие критериуми му овозможи на тимот на „Педестријанс фрст“ да утврди кои градови моментално се најодржливи на планетата.

Критериумите

Близина до услугите - ова е одредено според процентот на население што живее на еден километар од здравствените установи и од образовните установи. Петте најголеми главни глобални градови за близина се: Париз, Лима, Лондон, Сантијаго и Богота.

Простор без автомобили - зелените простори се одлични за менталното и физичкото здравје и играат важна улога во борбата против топлината и загадувањето. Петте најдобри градови за оставање на автомобилите и одење пешки се: Хонг Конг, Москва, Париз, Богота и Лондон.

Густина на градски блокови - помалите градски блокови нудат повеќе можности за пешачење бидејќи им олеснуваат на луѓето да одат директно до нивните дестинации без заобиколување. Топ-5 града со помали блокови се: Картум, Богота, Лима, Карачи и Токио.

gradovi
Фото: Statista

Потребно е уште да се работи


Извештајот вели дека генерално градовите и понатаму се непријателски настроени кон пешаците, особено во САД.

Четири града каде што може да се оди пешки во САД се: Балтимор, Бостон, Њујорк и Сан Франциско. Додека четирите града со најниска оцена за пешачење се: Атланта, Индијанаполис, Орландо и Сан Антонио.

Создавањето градови поповолни за пешаците бара подобро планирање, вели Тејлор Рајх, главен автор на извештајот.

- Градовите каде што пешачите имаат добар проток на одење пешки не се случуваат случајно. Креаторите на политиките прво треба да ги разберат проблемите што ги предизвикува планирањето што се прави според движењето на автомобилите. Тогаш тие можат да преземат специфични чекори: планирање и опремување на улиците со клупи, широки тротоари и сенки - вели Рајх.

Одржливи градови


Низ поголемиот дел од светот обемот на сообраќајот падна кога градовите беа ставени во карантин поради Ковид-19 и кога луѓето почнаа да работат на далечина. Дали ова ќе биде долгорочен тренд, рано е да се каже. Но, создавањето одржливи градови е една од целите на ОН за одржлив развој. Подобрувањето на пристапноста до пешаците и зголемувањето на достапноста на јавниот превоз се две од целите на ОН.

Истражување од 2019 година спроведено на 610 градови во 95 земји открива дека само половина од светското урбано население има лесен пристап до јавниот превоз, вели ОН, опишувајќи го таквиот пристап како основна урбана потреба.

Извор: World Economic Forum
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот