Многумина се благодарни што имаат домашни миленици кои ги принудуваат да излезат на прошетка дури и во најстудените денови. Но оваа активност не е добра само за домашниот миленик, туку и за вас.
Прошетките се идеална опција за физичка активност бидејќи не бараат вештини и се безбедни, вели докторот Сидрик Брајант, претседател на Американскиот совет за вежбање, за „Тудеј“.
Зошто прошетките се добри за телото?
Според Брајант, прошетките се добри за многу системи во телото. Пешачењето може да помогне во подобрување на кардиоваскуларното здравје, подобрување на крвниот притисок, контрола на шеќерот во крвта и намалување на ризикот од дијабетес, подобрување на метаболизмот и намалување на ризикот од остеоартритис.
Фото: Pixabay
Освен тоа, пешачењето може да ви помогне да ја одржувате телесната тежина и да останете подвижни.
Американскиот оддел за здравје и човечки услуги препорачува вежбање со умерен интензитет во период од 150 до 300 минути неделно. Така, 30-минутно пешачење 5 дена во седмицата може да биде доволно за да се видат поволностите. Доколку сакате да изгубите тежина, се препорачува подолго пешачење речиси секој ден.
Зошто пешачењето надвор е добро за умот?
Пешачењето може да го подобри менталното здравје, особено доколку пешачите надвор. Пешачењето надвор ви помага да се опуштите, да разберете што се случува и одново да се фокусирате, вели докторот Марк А. Слабо од Балтимор.
Фото: Pixabay
- Според моето искуство, ви помага речиси да медитирате, да се поврзете со вашите мисли, да разберете што е важно и да се релаксирате - вели Слабо.
Извор:
Today