X
 30.10.2024 Живот

Семафори без зелено светло поставени на кружен тек во Белград

Од денес на кружен тек кај Ушќе, Белград, пуштени се семафори кои немаат зелено светло, туку жолто што трепка.

Крсто Липовац, професор од Сообраќајниот факултет во Белград, објасни дека новите семафори биле поставени бидејќи со воведувањето на кружниот тек настанале нови проблеми - попречување на главната раскрсница.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, вчера изјави дека во Белград се воведуваат европски стандарди кои подразбираат и семафори на кружен тек, чија цел е да ги заменат сообраќајните полицајци во најголем метеж. Тој изјави дека семафорите нема да имаат зелено светло, туку само црвено и жолто што трепка.

- Кружниот тек има свои правила и тоа нема да се промени. Кога ќе се вклучи жолтото, имате право да се вклучите во кружниот тек, но почитувајќи ги правилата за возење во кружен тек. Црвеното ќе го менува сообраќајецот во шпицот - објасни Шапиќ.

Липовац за Н1 објасни зошто на локацијата биле поставени семафори.

- Генерално, кога зборуваме за кружни раскрсници, имало неколку фази за нивно воведување. Првата фаза била архитектонска. Архитектите планирале кружни раскрсници за да го украсат градот. Втората фаза се занимавала со капацитетот, а и третата - денешната, каде што тие се реализираат поради безбедност во сообраќајот. Кога зборуваме од научна страна во урбана средина, важни се три фази. Првата фаза е да се анализира ситуацијата, да се дефинираат проблемите и да се вреднуваат. Во вреднувањето денес има симулации што ќе се случува на раскрсницата и како ќе влијае врз остатокот од мрежата. Втората фаза се првите впечатоци и третата се навиките. Секаде е важна улогата на експертите - истакна тој.



Кружниот тек бил направен поради проблеми со капацитетот.

- Во овој случај е дефиниран проблем со капацитетот, задушување и губење време. Со воведувањето на кружниот тек се јавија нови проблеми, а тоа е проблем со вклучување во раскрсницата за возилата кои пречат во главните правци. Неопходно е да се решат проблемите, а едно од решенијата се семафорите. Тие би требало да им овозможат вклучување на возачите - објаснува професорот.

Извор: N1
Фото: YouTube (screenshot)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот