X
 30.11.2020 Технологија

Најстарите интернет-страници што постојат и денес

Дали некогаш сте се запрашале кои се најстарите интернет-страници што сè уште се активни? Се враќаме назад во времето.

Која е најстарата страница?

Иако можеби е невозможно да се одговори точно, ви претставуваме неколку примери од некои од најстарите интернет-страници. Листата е далеку од детална и не е подредена по некој ред, но веруваме дека ќе ви биде интересна.

Symbolics.com

Листата започнува со овој олдтајмер. Технички, оваа страница не е толку стара, но вреди да се вклучи во листата. Доменот бил регистриран на 15 март 1985 година. Со тоа оваа страница е една од, а ако не и најстарата со регистриран домен .com. Компанијата сè уште постои и изгледа последен пат биле направени измени на страницата во 2010 година.

Itcorp.com

Оваа страница е жив интернет-фосил. Според некои извори, оваа страница била регистрирана на 18 септември 1986 година. Иако не би добила некоја награда за дизајн, староста и фактот дека сè уште е активна се шокантни.



Vortex.com

Доменот на Vortex.com бил регистриран на 27 октомври 1986 година. Страницата е со архаичен дизајн, но изгледа дека последен пат била ажурирана во 2017 година.



Tic.com

Оваа страница изгледа е регистрирана во април 1987 година.



Toad.com

И ова е една од најстарите страници, која изгледа дека е посветена на колекција линкови поврзани со Џон Гилмор.



Cfg.com

Овој домен изгледа е регистриран во 1987 година. Компанијата на која е посветена страницата е основана во 1970 година и е компанија за софтвер и системи.



Purple.com

Овој домен бил регистриран во 1994 година и долго време страницата била едноставно виолетова, но сега доменот го поседува компанија со истото име.



Milk.com

Регистрирана во 1994 година, оваа страница може да биде одличен пример за тоа што значи да се биде на вистинското место во вистинското време, но само ако биде продадена. Креаторот на страницата е расположен да ја продаде за 10 милиони долари.



Acme.com

Оваа страница била регистрирана во 1994 година и сè уште функционира. Изгледа дека сопственикот си го сака античкиот изглед на страницата, кој е сосема поинаков од денешните дизајни.



Toastytech.com

Еднаш од „Мајкрософт“ побарале од корисниците да го инсталираат „Интернет Експлорер 1“. Изгледа дека еден корисник малку се налутил, па создал цела страница на која напишал колку е „злобен“ „Интернет Експлорер“. И сето ова се случувало во 1998 година.



Извор и фотографии: Interesting Engineering
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија