X
 30.11.2021 Живот

По повод 60-тиот роденден, легендарното „рено 4“ доби летачка верзија

Летачките автомобили во денешно време изгледаат како беспилотни летала или авиони направени за пат и воздух, но во случајот на „рено“ првпат имаме шанса да видиме концепт кој би се базирал на некој ретро модел на патен автомобил. Како дел од прославата на 60-тиот роденден на познатиот модел „рено 4“, француската компанија ги здружи силите со дизајнерите на „Ди Арсенал“ за да создаде футуристички концепт, летачка верзија на култната „четворка“.

По повод роденденот, „Рено“ на почетокот на годинава објави дека во иднина ќе добие модерна и електрифицирана верзија, а сега изненади со тоа што го претвори во летачки дрон со повеќе ротори. Така, француската икона доби прототип направен од јаглеродни влакна, но ја задржа истата форма на каросеријата како и оригиналниот модел.

Новата и модерна верзија е во состојба да полета и да остане во воздухот благодарение на четирите двојни пропелери, придвижувани од електрични мотори.

Од техничка страна, овој летачки автомобил се напојува со литиум-јонски батерии со вкупен капацитет од 90 Ах, а моторите можат да летаат со вкупна тежина на возилото од 380 килограми. Најголемата брзина на хоризонталниот лет е 94 км на час, а во висина е 700 метри.

reno

„Рено“ го претстави овој прототип онлајн, а наскоро ќе биде изложен и во изложбеното студио во центарот на Париз, заедно со уште неколку историски верзии на „рено 4“. На почетокот на 2022 година ќе тргне на светска турнеја.



Извор: Bug.hr
Фото: Bug.hr
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот