Кинеската компанија за електрични возила „Експенг“ претстави концепт за летачки автомобил кој треба масовно да се произведува до 2024 година.
Возилото е развиено од партнерот на „Експенг“, стартап-компанија наречена „ХТ Аеро“, која собрала над 500 милиони долари од инвеститори минатата недела.
Автомобилот е замислен да лета на мала височина, а има волан за возење на пат. Роторите на автомобилите може да се скријат кога автомобилот вози по пат. Во автомобилот има место за две лица и може да лета најмногу 35 минути, па затоа е наменет за урбани средини.
Компанијата планира да го продава автомобилот за помалку од 157.000 долари.
Во трката за развивање летачки автомобили се и други компании, како „Џенерал моторс“, „Тојота“ и „Хјундаи“. „Експенг“ годинава претстави и електричен автомобил кој е поевтин за една третина од сличните автомобили што ги нуди американската компанија „Тесла“.
Извор:
Business Insider