Калид Чауки е член на Долниот дом на Италија, за водечката Демократска партија и е роден во Мароко. Неговиот сон е назија на „Нови Италијанци“, деца на имигранти, родени или одгледани во Италија, кои стануваат доктори, адвокати, бизнисмени, инженери, почитичари и лидери.
Тој се обидува издејствува во донесување на закон со кој ќе им се додели државјанство на 1 милион нови Италијанци, за кои вели дека се како дополнителен ресурс на земјата и затоа треба некој да се погрижи за нив. Со законот ќе им се понуди пасош на родителите со работна виза на оние кои се родени на италијанска почва, или кои посетувале основно училиште пет години во Италија.
До сега за имигрантите беше потребно да чекаат една деценија и да докажат дека работеле 3 години во Италија за да добијат патни исправи, а нивните деца мора да чекаат до 18 години за да ги добијат овие привилегии.
Другите Италијански партии жестоко се спротивставуваат на Чауки. Масимилијано Федерига од Северната лига за британско-исламистичкиот проблем вели:
„Земете го Обединетото Кралство за пример: Отворени врати за сите, автоматско државјанство на деца на имигранти, но колку од нив прераснуваат во терористи, кои планирале напади во земјата на посвојување?“
Погледот на Федерига во Италија е честа појава. Сепак Чауки инсистира дека државјанството е противотров на криминалот од омраза:
„Ако муслиманите и другите етнички малцинства се контролираат, тоа само ќе го зголеми ризикот и ќе ги турка кон радикализам,“ вели тој.
Италијанското општество до сега има примено странци. Чауки вели дека ако им се олесни процесот за да останат тоа ќе помогне во намалување на стапката на родени во италијанските семејства, која е најлоша во Европа. Чауки исто така вели дека новите Италијанци се како мост до нивните земји на потекло, како амбасадори за меѓукултурен дијалог.
Самиот
Чауки мигрирал во Италија на возраст од 8 години заедно со татко му кој работел во фабрика и мајка му која била професорка по Арапски јазик. Во текот на декадата додека чекал за државјанство успеал да дојде до две универзитетски дипломи – политички науки и ориентални студии – а станал и новинар во водечка италијанска новинска агенција потпирајќи се на своите способности да зборува англиски, италијански, француски и мароканско-арапски јазик.
Тој е оженет и има две ќерки кои посетуваат католичко училиште.