X
 30.12.2020 Живот

Држава во која има најмала шанса да доживеете земјотрес или друга природна катастрофа

Дали знаете која земја има најмали шанси да доживее земјотрес?

Тоа е Катар. Оваа земја на Арапскиот Полуостров, според годинешниот извештај „Светски индекс на ризикот“, беше рангирана на првото место на листата со најбезбедни земји во светот од природни катастрофи, со индексна вредност 0,31. Со други зборови, жителите на Катар имаат најмали шанси да доживеат земјотрес, поплава, вулканска ерупција и други природни катастрофи.

Но, тоа не значи дека земјата никогаш нема да доживее земјотрес. Сеизмолошката служба во Доха на 9 јуни годинава регистрира земјотрес со јачина од 5,7 степени со епицентар во југозападен Иран, кој се почувствува и во Катар.

katar
Фото: Instagram

Не само што индексот ја анализира можноста за природни катастрофи во одредена земја, туку исто така вклучува и многубројни социјални, политички и еколошки фактори. Покрај тоа, се фокусира на потенцијалната ранливост на населението и неговата способност да се приспособи на новите настани како резултат на климатските промени.

Индексот е дел од посеопфатниот извештај за безбедноста составен од Институтот за животна средина и човечка безбедност при Универзитетот на Обединетите нации со седиште во Токио. Годишниот извештај вклучува 181 земја и ги анализира опасностите од земјотреси, вулкански ерупции, бури, поплави, суши и покачување на нивото на морето.

По Катар, најбезбедна земја во светот од природни катастрофи е Малта (0,66 индексна вредност), Свети Винсент и Гренадини (0,81 индексна вредност), Гренада (0,97 индексна вредност) и Саудиска Арабија (1,04). Најнебезбедна земја за 2020 година е Вануату во Океанија, со индексна вредност од 49,7.

Од 181. земја, Македонија се најде на 104. место со 5,81 индексна вредност.

Целосниот извештај можете да го погледнете ТУКА.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот