X
 31.01.2019 Технологија

Кина ќе гради центар за вештачка интелигенција на дното на Јужното Кинеско Море

Кина има намера да гради центар за вештачка интелигенција на дното на Јужното Кинеско Море, на длабочина од 6.000 метри, што ќе чини 140 милиони евра.

Инженерите и научниците, како што пренесува „Дејли мејл“, имаат целосна поддршка од кинескиот претседател Си Ѓинпинг.

- Во длабочините на морето нема патишта, не засегаме други земји, сѐ e наше - изјави Си.

Како најверојатна локација за проектот се споменува морската вдлабнатина Манила близу Филипините.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија