За кинеската влада во моментов приоритет претставува зачувувањето на работните места во регионите каде што се пријавени случаи на коронавирусот. Вирусот веќе влијае врз работата на компаниите и негативно се одразува врз кинеската економија. Сега, некои од најголемите компании во Кина се вложуваат за да ја намалат штетата.
Компанијата ЏД, позната и како „Џиндонг“, една од најголемите компании за електронска продажба, ветила дека ќе отвори над 20.000 нови работни позиции за оние што не можат да работат бидејќи компаниите им се привремено затворени поради коронавирусот.
Компанијата ќе вработи магационери, курири и возачи. Целта на овие нови работни места е да го минимизираат влијанието на епидемијата врз вработувањето на краток рок, соопштува компанијата. Некои од вработувањата ќе бидат привремени.
Фото: jd.com
Групацијата „Дада“, која е финансиски поддржана од ЏД, ќе отвори дополнителни 15.000 места. Синџирот супермаркети во сопственост на ЏД, „7Фреш“, исто така, ќе вработи лица што моментално не работат поради привременото затворање на нивните ресторани, хотели, киносали или продавници. Овие работници ќе може да се пријават за краткорочни вработувања, како помошници во продавници и курири.
„Алибаба“, исто така, соопшти дека ќе воведе систем кој ќе им овозможи на вработените во рестораните, киносалите, продавниците и други бизниси да најдат привремена работа во компанијата. Не открила колку привремени работни места ќе бидат отворени.
Некои луѓе веќе се вработиле преку ваквите иницијативи. ЏД изјави дека нејзиниот логистички оддел веќе вработил најмалку 700 работници од над 10 компании.
Автор: Мишел Тох
Извор:
CNN