X
 31.03.2021 Технологија

Дали очилата за виртуелна реалност за крави може да го зголемат производството на млеко?

Доколку ја посетите фармата со крави „Рус молоко“ во близина на Москва, Русија, ќе помислите дека сте патувале во иднината или дека се наоѓате на снимање филм.

На оваа фарма кравите носат очила за виртуелна реалност кои биле направени специјално за нив. Очилата им помагаат на кравите да се релаксираат, со цел да имаат повеќе млеко, се објаснува во известување од министерството за агрикултура и храна на московскиот регион, пренесува „Инчрестинг инџиниринг“.


Фото: Министерство за агрикултура и храна на московскиот регион

Кравите имаат слаба перцепција за длабочина, па очилата за виртуелна реалност биле направени специјално за нив, земајќи ги предвид и нивната послаба перцепција на црвената боја и на сините и зелените нијанси. Очилата симулираат летен пејзаж кој ги смирува животните, а тоа доведува до поголемо производство на млеко. Очилата биле дизајнирани од професионалци во студио за виртуелна реалност, кои соработувале со ветеринари.

Експертите изјавиле дека кравите се помалку анксиозни и се подобро расположени по носењето на очилата. Денес, фармата е еден од најголемите произведувачи на млеко во Русија.


Фото: Министерство за агрикултура и храна на московскиот регион

Треба да се напомене дека повеќе медиуми известиле дека веста за очилата на фармата е лажна и претставува маркетинг-трик, иако била објавена од министерството за агрикултура и храна на московскиот регион, додава „Инчрстинг инџиниринг“.

Она што науката го потврдила е дека среќните крави навистина произведуваат поквалитетно млеко, со или без очила за виртуелна реалност.

Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија