X
 31.05.2019 Култура

„Зелено Скопје“ три дена во фокусот на фестивалот „Скопје Креатива“

Под мотото „Зелено Скопје“ и со изложба вечерва во 20 часот на улицата „Македонија“ ќе биде отворен Фестивалот за развој и промоција на креативните индустрии „Скопје Креатива“. Ќе бидат изложени редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела под наслов „Ремиксувај ја културната стварност“.



Активностите ќе продолжат во „Кино Култура“, каде што следува програмата „Брендирање на зелено Скопје“. Ќе бидат изложени промотивни производи со графички решенија на тема „Зелено Скопје“ од македонски дизајнери и илустратори. Во 21 часот ќе настапи пијанистката Дуња Иванова со својата звучно-визуелна инсталација „Зелено во етерот за зелено Скопје“, а вечерта ќе заврши со промоцијата на мини-албумот „Re:Cycled“ на Роботек.

Фестивалот го организира Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“.

Влезот е слободен. На следниот линк можете да ја видите целата програма на фестивалот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура