X
 12.12.2022 Здравје

Експериментален третман ги уништува смртоносните тумори во мозокот

Мало пилот-тестирање на терапија за пациенти со лимфом на мозокот и/или 'рбетниот мозок покажало позитивни резултати. За многу пациенти со ваков рак нема многу опции за третман, изјавила Керон Џејкобсон од Институтот „Дана-Фарбер“, која го водела испитувањето.

- Нашите први резултати покажуваат дека зголемувањето на употребата на химерни антигенски рецептори може да ги подобри резултатите кај пациентите - изјавила Џејкобсон.

Лимфомите најчесто се агресивни тумори кои може да се прошират на мозокот или 'рбетниот мозок откако се појавиле на друго место од телото. Тие најчесто се тешки за лекување и пациентите не преживуваат повеќе од две години.

Химерните антигенски рецептори, односно ЦАР-Т клетки, се генетски променети за да ги уништат туморите во други терапии за видови лимфоми. Сега, Џејкобсон и нејзините колеги почнале да тестираат ваков третман за лимфоми на мозок и 'рбетен мозок.

Во испитувањето биле вклучени само 9 пациенти, но кај 78 отсто од нив туморите се намалиле или исчезнале по третманот. Кај вкупно 67 отсто од пациентите туморите исчезнале.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје