X
 31.07.2018 Живот

Проблемот со кој се соочува туризмот на грчкиот остров Санторини

Магарињата на живописниот грчки остров Санторини, кои со векови се користат за транспорт, во последно време трпат тешки последици поради епидемијата на дебелина која добива се поголеми размери.

Туристите од година во година се сѐ подебели, па локалното население мора да ги вкрстува магарињата со маски за да можат животните да го издржат товарот.

Во екот на сезоната, која на овој остров трае од мај до октомври, на Санторини пристигаат и до пет крузери дневно, кои носат и до 1.200 туристи.

Санторини е познат по тесните улички испресечени со скали, а магарињата традиционално се користат како „превозно средство“ бидејќи во многу делови од островот е невозможно да се отиде со возило.

Но, борците за заштита на животните велат дека сиротите магариња сега се присилени да носат луѓе кои се потешки од кога и да е, а нивната работа трае до седум часа во текот на денот, без одмор. Поради тоа, многу од нив се стекнуваат со повреди на грбот или, пак, кожата им е одрана од седлата кои ги повредуваат поради преголемата тежина.

Локалното население живее од овие тури, но и тие сфатиле колку е голем проблемот, па веќе некое време магарињата се вкрстуваат со маски, кои се покрупни и можат да носат поголем товар.

Теоретски, магарињата не би требало да носат тежина поголема од 20 отсто од нивната тежина, така што не би требало да ги јава лице потешко од 55 килограми. Но, ограничувања за тежината сѐ уште нема.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот