Бројот на туристи во периодот јануари-јули годинава бележи раст од 56,6%, објави министерот за економија Крешник Бектеши повикувајќи се на последните податоци на Државниот завод за статистика.
Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци од годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.
Туризмот, во светски рамки, беше една од најпогодените индустрии од пандемијата на ковид-19, но полека се враќа во нормала, се вели во соопштението на Министерството за економија.