X
 13.06.2021 Живот

Дали доцните оброци придонесуваат за зголемување на тежината?

Кога настојувате да изгубите килограми, она што го јадете е важно исто колку и времето кога јадете. Оброците во вистинско време го олеснуваат правилното варење на храната, го поттикнуваат метаболизам и помагаат да изгубите килограми.

Наутро секогаш се препорачува обилен појадок во период од 30 минути до еден час по будењето, додека за вечерните оброци е битно да бидат лесни и порано за брзо симнување на килограмите. Се смета дека доколку јадете доцна навечер, тоа го отежнува губењето на килограмите, а може и да доведе до зголемување на тежината.

Меѓутоа, според истражување објавено во списанието „Нутришн“, не постои врска помеѓу времето на оброкот и зголемувањето на килограмите. Истражувањето било спроведено од истражувачи од колеџот „Кингс“ во Лондон, а во него се анализирале прехранбените навики на над 1.500 деца користејќи податоци од 2008 до 2012 година.


Фото: Pixabay

На крајот од истражувањето не била пронајдена врска помеѓу доцните вечерни оброци и дебелината. Тоа доведува до заклучок дека не е проблем времето, туку изборот на храната и количина.

Долгиот временски период помеѓу ручекот и вечерата влијае врз тоа што јадете во вечерните часови бидејќи тогаш губите чувство за количеството храна што ја јадете, пишува „Екапија“. Друг проблем е и тоа што луѓето навечер почесто јадат храна со полош квалитет. Кога сте гладни, сакате да јадете нездрава храна и тешко им одолевате на искушенијата, а оваа храна почесто доведува до зголемување на килограмите.

Освен тоа, лошиот избор на храна и внесувањето премногу калории може да доведат до здравствени проблеми, а консумирањето тешка храна пред спиење може да предизвика проблеми со варењето. Затоа, најдобро е последниот оброк во денот да се јаде барем два часа пред спиењето.

Извор: Ekapija
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот