Постојат работи што се прават на телефони и компјутери, а кои треба да останат целосно приватни и не сакате никој да ги знае. За да им овозможат на корисниците приватно сурфање, односно сурфање на интернет што нема да остави докази за вашата онлајн активност, веб-пребарувачите воведоа режими на приватно сурфање.
Во случај на „Гугл“ и нивниот веб-пребарувач „Хром“, станува збор за анонимен инкогнито режим на работа, па некои корисници мислат дека кога сурфаат анонимно, тие се навистина безбедни и никој не гледа што прават. Но, тоа не е точно.
Токму поради ова, или затоа што „Гугл“ продолжува да ги следи, да собира и да идентификува податоци поврзани со онлајн активностите на корисниците во реално време, дури и кога тие сурфаат во анонимен режим, беше поднесена колективна тужба против „Гугл“ во САД. Станува збор за тужба од 2020 година, а „Гугл“ се согласи на спогодба. Интересно е тоа што набрзо по спогодбата, оваа компанија ги промени и надгради правилата за користење на „Хром“ во анонимен режим за да ги направат помалку збунувачки за корисниците и за да се нагласи фактот дека нивните активности продолжуваат да се следат.
Досега овие правила на користење нагласуваа дека другите луѓе што го користат истиот уред нема да ги гледаат вашите активности, па можете да сурфате приватно. Но, новите правила носат мала, а значајна промена и кажуваат како можете да сурфате - поприватно, а не приватно. Исто така, додаден е и уште еден дел во кој се наведува дека со анонимниот режим на работа не се менува начинот на собирање податоци. Според тоа, новите правила го истакнуваат тоа што беше предмет на тужбата, а тоа е дека „Гугл“ собира податоци од корисниците дури и во анонимен режим.
Извор:
Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik