Пластичните сламки неодамна беа мета на корпорациите, трговците на мало, па дури и државите и градовите. Секој од врвните хотелски ланци и гиганти за брза храна воведоа забрана за користење пластични сламки. Сепак, според новото истражување, изворот на оваа колективна енергија се насочува на погрешно место.
Извештајот сугерира дека најголемиот загадувач создаден од човекот во светските океани не се пластичните сламки ниту пластичните кеси, туку догорчињата од цигари.
Фото:Instagram/LeoNotHappy
Догорчињата не само што се присутни, туку и нивното отстранување во голема мера е нерегулирано, што значи дека неограничен број влегува во океаните. Но, голем број на лица и организации се бора да го променат тоа.
Една кампања, наречена „Проект против загадувањето со догорчиња“, се надева дека ќе ги забрани догорчињата, што се прават од ацетат на целулоза, вид на пластика што не се распаѓа повеќе од една деценија.
Од 5,6 билиони цигари што се прават со овие филтри секоја година, две третини се фрлаат неодговорно.
Фото:Instagram/LeoNotHappy
Организацијата „Океанско зачувување“ почнувајќи од 1986 година па наваму, спонзорирало чистење на плажите. Вкупно 60 милиони догорчиња биле собрани за веме на чистењето. Тоа е околу една третина од сите собрани предмети, повеќе од пластичните пакувања, капачиња од шишиња, прибор за јадење и шишиња заедно.
Фото: Instagram/LeoNotHappy
Отпадот обично е оставен на плажите, но најчесто завршува во водите преку одводни канали, реки и потоци. Отпадот често се распаѓа во микропластика што потоа ја консумира дивиот свет. Парчиња од пластика се наоѓаат во 70 отсто од сите морски птици и 30 отсто од морските желки.