X
 31.07.2019 Наука

Погледнете како јапонски вселенски брод зема примероци од мал астероид

Јапонскиот вселенски брод „Хајабуса 2“ на 10 јули се врати на местото каде што го бомбардираше астероидот Риугу за да собере примероци камења. И сега Јапонскиот центар за вселенски истражувања објави снимка од историскиот настан.

Фотографиите со кои е направено видеото се направени на интервали меѓу половина секунда и 5 секунди, во време кога вселенскиот број бил меѓу 8,5 и 150 метри над површината на астероидот.

Вселенската сонда е во орбитата на малиот астероид од јуни 2018 година, каде се обидува да помести примероци на карпи преку пукање и фрлање на експлозив. Пластичниот експлозив направи 10-метарски кратер на астероидот.

„Хајабуса 2“ успешно слета на Риугу на 22 февруари, а потоа го бомбардираше астероидот. Исто така, исфрли и два „скокачки“ ровери на површината на астероидот во септември минатата година и трет ровер во октомври.

Се планира вселенскиот брод да ослободи и лендер на површината на астероидот пред го започне патувањето наназад кон Земјата во декември 2020 година. Исто така ќе се обиде да пушти „Ровер-2“, мал робот опремен со термометар и повеќе камери.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука