X
 20.07.2016 Култура

Миграцијата во Европа објаснета низ неколку мапи

мапа 

 

Серија на мапи, создадени од чешкиот лингвист, математичар и уметник, Јакуб Маријан, со помош на податоците од Одделот за население на Обединетите Нации, како и истражување спроведено од ОН во 2015 година, ја прикажуваат миргацијата во Европа.


Мапата подолу го покажува бројот на имигранти во земјите во Европа како процент од вкупното население на секоја земја. Мапите се направени врз основа на истражувањето спроведено од ОН во 2015 година.

 

1


Сепак, извештајот на ОН не ги зема во предвид последните случувања (периодот од јануари 2015 до јуни 2016) во таканаречената европска криза на имигранти. За на мапата да има свежи информации и податоци, Јакуб искористил официјални податоци од Евростат за бројот на баратели на азил во периодот од јануари 2015 до јуни 2016 година (минус бројот на одбиени баратели и е додадена средна фигура (означена со ѕвездичка) во мапата, која се состои од податоци од OН и Евростат. Поголемите проценти се прикажани со црвено со цел полесно да се идентификуваат, и Косово е групирано заедно со Србија.

 

Мапата подолу прикажува од каде доаѓа поголемиот дел на имигранти - во случајот на Македонија, поголемиот број на имигранти доаѓаат од Албанија.

 

3


Следната мапа ја покажува разликата во процентите на имигрантите помеѓу 2010 и 2015 година.

 

4


И за крај, најчестите земји на потекло на имигрантите помеѓу 2010 и 2015 година (регионите без боја значат дека бројот на имигранти од било која земја на потекло се намалил во текот на тој период.

 

5

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура