Раното откривање е клучно во третирањето на Алцхајмеровата болест, но тоа не е секогаш возможно.
Сега,
истражувачки тим од германскиот универзитет „Рус-Университат Бокум“ создал нов сензор кој може да препознае знаци на Алцхајмерова болест во крвта до 17 години пред појавувањето на првите клинички симптоми. Уредот го препознава погрешното преклопување на протеинскиот биомаркер амилоид-бета, кој предизвикува карактеристични наслојки во мозокот.
- Нашата цел е да го определиме ризикот од развивање Алцхајмерова болест подоцна со едноставен тест за крв уште пред формирањето на токсичните наслојки во мозокот, за да се започне терапија навреме - изјавил професорот Клаус Герверт, основач на Центарот за протеинска дијагноза на универзитетот.
Фото: Pixabay
Неговиот тим работел заедно со група истражувачи од Центарот за истражувања на ракот во Хајделберг. Истражувачите анализирале примероци од крвна плазма земени од испитаници од 2000 до 2002 година, а потоа замрзнати. Во тоа време учесниците немале дијагноза за Алцхајмерова болест.
Истражувачите одбрале 68 испитаници кои ја добиле оваа дијагноза по 17 години и ги споредиле примероците од нивната крв со крвните примероци од лица без дијагноза. Тие откриле дека концентрацијата на глијален фибриларен киселински протеин во крвта може да го предвиди појавувањето на Алцхајмерова болест.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay