X
 31.08.2020 Образование

Проф. Христос Калантаридис од Лондон МЕТ: „Лице што дипломирало и стекнало квалификација во Обединетото Кралство е професионално квалификувано со многу висок стандард“

Македонските студенти првпат добија можност да студираат и да бидат дел од еден британски државен универзитет, а и да добијат британска државна диплома, и тоа во Скопје. Лондон Метрополитен универзитет е престижна образовна институција која нуди можност за студирање кај нас.

За таа цел, во пресрет на почетокот на уписите, направивме разговор со деканот на Факултетот за бизнис при Лондон Метрополитен универзитетот, професор Христос Калантаридис, кој ќе ви даде јасни насоки што значи да се студира на еден британски универзитет и можностите што ги добивате по завршувањето.


Лондон МЕТ има широка меѓународна соработка, во кои се држави имате партнерски институции?


Како универзитет имаме меѓународна препознатливост која ни овозможува и ни овозможуваше да развиеме многу силна мрежа на соработнички партнерства. Значи, имаме партнери во Германија, Ирска, во Шпанија, очигледно и во Северна Македонија, во Шри Ланка, Непал, Сингапур, Индија и од неодамна во Австралија. Моментално сме во процес на развивање две нови партнерства во САД за кои мислиме дека се многу важни за нас за да ја комплетираме глобалната мрежа на меѓународна соработка.

Кои се предностите по стекнувањето британска диплома?

Подобро прашање е кои се специфичните квалитети што ја прават разликата за еден дипломиран студент со диплома од Обединетото Кралство? Целосно верувам дека има значителна разлика. Лице што дипломирало и стекнало квалификација од Обединетото Кралство е професионално квалификувано со многу висок стандард. Се стекнало со образование кое е најнапредно во дисциплината поради интензивната конкуренција која постои на британскиот пазар. Исто така, дипломците од Обединетото Кралство се обучени да бидат доживотни независни собирачи на знаење. Не само знаење кое доаѓа со квалификацијата, туку имаат и вештини и способност да продолжат да учат во текот на нивната професионална кариера. И последно, тие размислуваат критички, што мислам дека ги става во многу силна позиција.

Кога би зборувале за квалификации, би рекол дека има две специфични одлики на британската диплома кои се над одликите на еден дипломиран студент, а тоа е глобално признание на квалитетот. Британските квалификации се признаени во светот како најригорозни, а тоа е поради процесот на проверка на квалитетот кој се спроведува од страна на академската заедница, а не поради политичките влијанија кои се поважни во други земји. Тој факт ни овозможува да ги дизајнираме квалификациите кои се релевантни за светот на професионалниот бизнис.

Како декан на факултетот за бизнис, можете ли да ни кажете кој е главниот фокус на програмата и каков вид професионален живот можат да очекуваат студентите по дипломирањето?


Нашето училиште е дефинирано од четири одлики, и тие се рефлектираат и на нашите програми. Значи, ние сме меѓународно училиште и имаме една голема меѓународна програма, програма која обединува студенти од различни краеви на светот, но исто така им дава на студентите увид и разбирање на бизнис-практиките од различните краеви на светот. Ние сме училиште кое практикува голема грижа и поддршка на студентите. Секој кандидат што доаѓа на студии кај нас добива лична грижа и внимание од нашиот академски персонал. Како училиште имаме корист и нашите студенти имаат корист од професионалните акредитации.

Имаме професионални акредитации од сите тела што се релевантни за нашите дисциплини, способни сме да подготвиме дипломци кои се фокусирани на практична работа и на кои им се дава можност за брзо вработување, најмногу поради овие блиски релации со светот на професионалниот бизнис. Сакаме да оформиме препознатлив тип на дипломци на училиштето за бизнис и право Guildhall. Тоа се дипломци кои се сигурни, дипломци кои се креативни, но исто така и поврзани, поврзани и локално и глобално.

Претпоставувам луѓето мислат дека сегашната криза со Ковид-19 ја прави иднината за потенцијалните студенти предизвикувачка, затоа што сите сме свесни дека ќе има моментален удар во смисла на работни места од последиците од Ковид-19. Реално мислам дека ова нема да се случи, не мислам дека иднината е негативна за потенцијалните студенти, мислам дека всушност кога има турбуленција, има можности кои се створени. Ги читав вестите денес, се тврди дека ќе има 125 илјади изгубени работни места во авиоиндустријата само во Обединетото Кралство. Мислам дека ова ќе создаде многу голема мобилност во секторот, ќе има можности за луѓето што влегуваат на ниски нивоа или на ниво на дипломци да напредуваат многу брзо, многу побрзо отколку ако имаше други 125 луѓе со поголемо искуство пред нив. Мислам дека за дипломците што се сигурни, креативни и приспособливи, новата реалност е многу позитивна.



Кои се силните страни на Лондон МЕТ, во смисла на студентска поддршка?

Ние сме место кое нуди голема поддршка, се обидуваме да ги охрабриме сите наши студенти да го постигнат нивниот полн потенцијал. Видовите поддршка што ги нудиме: имаме лидери на модули, лидери на програми, личен тутор, предметен библиотекар, но сепак, одиме уште понапред. Во Лондон МЕТ имаме академски ментори, кои се професионалци, го опсервираат и го поддржуваат целокупниот развој на студентите во однос на нивните перформанси по одредени предмети. На пример, ако имаме студент кој има слабости по математика, имаме назначен академски ментор кој може да обезбеди поддршка конкретно за потребите на овие студенти. Исто така, имаме т.н. тренери за успех и сум многу горд на таа иницијатива. Тоа се всушност студенти во подоцнежните години од студиите, кои вршат менторство и им даваат поддршка на новите студенти. Значи, студент од последната година ќе го поддржува студентот кој е во втора година, студентот од втора година ќе му даде поддршка на некој од прва година.

И ова е многу добро за студентите што ја добиваат поддршката, но исто и за развојот на искуството на тренерите за успех, на поискусните студенти, бидејќи тоа им дава нешто дополнително за што можат да зборуваат кога ќе се најдат во професионалниот свет.


Со оглед на сегашната ситуација со Ковид-19, како ја гледате иднината на универзитетското образование и кои се предностите на дигиталното образование?

Мислам дека Ковид-19 ќе има многу значаен ефект врз универзитетското образование, ќе има долготрајна промена. Ние како даватели на високо образование треба да ги рефлектираме промените во професионалниот свет на бизнисот, во вештините и квалитетите што им ги даваме на нашите студенти. Ние треба, и веќе го започнавме процесот на преразгледување на конкретните атрибути кои произведуваат глобални професионалци, што е многу важно за постигнување успех. Мислам дека она што треба да го направиме сега е да развиеме глобални професионалци без глобално патување. Луѓе кои имаат глобална перспектива без да е неопходно да патуваат на различни места во светот.

Мислам дека Ковид-19 е фундаментален за високото образование затоа што нè присили, или ни помогна да ги поставиме студентите во центарот на сè што правиме, акцентот кој е ставен на студентите сега е многу поголем отколку во целата моја кариера, а јас сум во високото образование повеќе од 20 години. И гледаме на студентите не само како на индивидуи кои ќе имаат корист од знаењето што им го даваме на универзитетите, туку како на некој што ќе има пошироки потреби. Ние размислуваме како високото образование да се поврзе со нивните дневни животни потреби, што овие промени значат за нивниот секојдневен живот, и како можеме да го дадеме најдоброто за поддршка на нашите студенти.

Практично и за кратко време има голема разлика во употребата на далечинското учење. Ние, како и другите универзитети, се наоѓаме во ситуација кога во еден ден преминуваме од давање настава лице в лице на далечинско држење настава. Многу се гордеам со тоа како моите колеги ја постигнаа оваа транзиција, затоа што трансферираа сè што беше во наставата лице в лице на онлајн-начинот на настава. На пример, семинарски групи се одржуваат во време кога требало да се одржат со истиот лидер на семинарот и со истиот број на студенти на семинарот, онлајн наспроти лице в лице. Академските менторски часови остануваат исти, наместо студентите да чукаат на нечија врата, тие можат да се поврзат со МС-тимови или Гугл-тимови, искуството останува исто, средствата за ангажирање на студентите се сменети.

Што очекувате од најновото партнерство со Скопје Метрополитен?

Како што рековме претходно, имаме повеќегодишно искуство со меѓународна соработка, со некои од нашите партнери работиме повеќе од една деценија, и она што го очекуваме е вистинска промена и трансфер на етиката и принципите на универзитетот во различна организација и различен национален контекст. Сакаме да влијаеме врз животите на студентите во Република Северна Македонија, сакаме да им понудиме можности за учење кои другите студенти во Лондон МЕТ ги имаат. Исто така, сакаме да имаме влијание врз заедницата, затоа што ние сме универзитет кој верува дека има граѓанска должност, каде и да сме стационирани.

Во Лондон развивме иницијатива за зајакнување на Лондон, но сакаме да имаме и позитивно влијание и во Скопје како што имаме и во Лондон. Друго што очекуваме е да го донесеме искуството на студентите од Северна Македонија на нашите студенти во светот, затоа што сите наши студенти се едно големо семејство, и учиме едни од други исто така. Значи, има специфичности на студентите од Северна Македонија од кои можат да имаат корист нашите студенти во Лондон, или нашите студенти во Германија. Ова се клучните цели на нашето ново партнерство.

Која е пораката за идните студенти од Северна Македонија?


Мојата порака е оптимистичка, минуваме низ време на предизвици, мислам дека ако сте позитивни и работите напорно, сега е вистинското време за ваш развој и за постигнување значителни придобивки во развојот на вашата кариера. Би сакал да ве поканам да му се придружите на семејството на студентите низ светот што студираат на програмите на нашиот универзитет, и на училиштето за бизнис и право Guildhall и би сакал да ве уверам дека искуството што ќе го стекнете ќе биде такво што ќе ви овозможи развој како индивидуа. Не ни е важно со што доаѓаат студентите, во смисла на квалификациите од училиште, туку со што заминуваат по периодот на студирање кај нас.

За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Скопје Метрополитан www.skopjemetropolitan.edu.mk или јавете се на 023140004.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование