Министерот за здравство Венко Филиче уште еднаш посочи дека вакцинацијата против ковид-19 е единствен начин животот на луѓето да се нормализира, без никакви рестрикции. Тој притоа додаде дека ограничувањата кон невакцинираните граѓани за влез во угостителски објекти, настани и слично се спроведуваат не само кај нас, туку и во повеќето европски земји и даваат резултати, пишува во соопштението од Министерството за здраство.
- Светот оди во правец целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето што се вакцинирани, очигледно сите се свесни дека тоа е единствениот правец да го вратиме нормалниот живот - изјави министерот Филипче, во изјава за медиумите.
- Само вакцинирани луѓе во европските земји може да одат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот - додаде Филипче.
- Во тој поглед сме спремни, особено со сертификатите. Интензивната работа на тимот кој работеше на сертификатите се исплатеше, еве сега тие сертификати за вакцинација се признаени - посочи Филипче.
фото. Unsplash