Без вакцина или лек во борбата против коронавирусот, социјалното дистанцирање и самоизолирање е една од најефикасните мерки за болниците да не бидат преполни со болни пациенти.
Но, методите што се најдостапни за намалување на стресот и анксиозноста како резултат на сериозни тешки периоди - прегратката, средбата со пријателите или посета на бабите и дедовците, се работи што токму сега не треба да ги правиме.
Сепак, постојат и други опции - а документирано истражување од над 50 години посочува дека можеме да ги намалиме симптомите на анксиозност.
Кои се тие методи?
Во метаанализа на половина век истражувања научниците откриле дека чинот на смеење и гледање насмеани лица всушност може да ги направи луѓето посреќни.
Во друго истражување научниците потврдиле дека алтруистичките акти, како хуманитарните акции кон соседите и непознати луѓе и дарувањето крв, може да ги намалат физичките сензации поврзани со болката.
Фото: Pixabay
Пред да имаме алатки или вештачка интелигенција што ги измислила алатките, нашите најрани предци ги имале тимската работа и социјалните групи. Еволуиравме милиони години за да бидеме блиски со луѓето што ги сакаме, да го слушаме нивниот глас и заедно да извршуваме задачи.
Кога сме изолирани од другите луѓе, во нашиот мозок се случуваат хормонални промени; главно за да нè подготват за опасност. Така се зголемува хормонот норадреналин или норепинефрин, кој има слични функции како адреналинот.
Да се биде сам и изолиран не значи дека сте оставени на милост и немилост на вашата биологија - може да работи во ваша полза. Истражувачите од Универзитетот во Аризона при преглед на 102 лица откриле дека само со размислување за романтичните партнери се намалуваат симптомите на стрес, анксиозност и општо чувство на тага - исто како личноста да е до вас.
Бидете блиски без да бидете близу
Позитивната социјална интеракција, дури и во далечни апстрактни форми како имагинацијата, докажува дека има мерливо влијание врз нашето здравје и
благосостојбата.
Ако видите нешто во мејнстрим-медиумите што ќе ве направи тажни, обидете се да му се јавите на пријател и да му кажете колку ви значи. Искажувањето благодарност може да предизвика корисни невролошки промени и резултира со подобро ментално здравје и за испраќачот и за примателот.
Во време кога „социјалните пеперутки“ кај сите нас стагнираат, никогаш не било поважно да му кажете некому дека го сакате и дека ви недостига.
Автор: Енди Корбли
Извор:
Good News Network