Сите ја почувствуваа филмската треска летово кога истовремено почнаа да се прикажуваат новите филмови „Барби“ и „Опенхајмер“.
Една жена од САД е многу погодена од совпаѓањето на премиерите на двата филма. Барбара Опенхајмер објаснила каков е нејзиниот живот поради феноменот „Барбихајмер“ во последниве недели.
Таткото на нејзиниот сопруг е братучед на Роберт Опенхајмер, па оттаму нејзиното презиме. А, веќе сите знаат дека името на куклата Барби е скратена верзија од Барбара, името на ќерката на креаторката на куклата.
- Пријатели од факултет кои живеат на разни места во светот ми пишуваа викендот кога излегоа филмовите - открила Барбара Опенхајмер.
Таа ги гледала двата филма и вели дека ѝ се допаднале на различни начини и не може да одбере кој повеќе ѝ се допаѓа. Впрочем, таа планира повторно да ги гледа двата филма.
Со оглед на тоа што двата наслови се светски популарни ова лето, некои луѓе не ѝ верувале на Барбара дека нејзиното име е вистинско. Таа го забележала тоа кога се пријавила за сместување во хотел.
- Сега сум на одмор и кога се пријавував во хотелот реков: „Барби Опенхајмер“. Вработениот праша: „Се шегувате со мене?“ - открила таа.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen) | Wikipedia