Макс Кејси Блојс, одговорно лице за содржина на Ејч-би-о, им порача на обожавателите на серијата „Куќата на змејот“ (House of the dragon) дека новата сезона нема да пристигне наскоро.
Тој откри дека гледачите ќе чекаат најмалку една и пол година за да ја гледаат втората сезона од серијата, чија приказна е поврзана со популарната „Игра на троновите“ (Game of thrones).
- Не очекувајте ја во 2023, но мислам ќе биде готова некаде во 2024 - изјави тој.
Блојс одби да ја прецизира временската рамка за излегувањето на втората сезона.
- Штотуку започнавме да склопуваме план, а како и минатиот пат, има толку непознати детали. Не треба да се биде срамежлив и таинствен, но не сакате да кажете дека ќе биде подготвено на овој датум, а потоа да мора да го поместувате - изјави Блојс.
„Куќата на змејот“ се темели на книгата „Оган и крв“ на Џорџ Р. Р. Мартин, чие дејство е сместено 200 години пред настаните во „Игра на троновите“. Драмската серија го прикажува почетокот на крајот на куќата Таргаријан и настаните што довеле до граѓанската војна на таргаријанците.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)