X
 14.11.2024 Вработување

Цементарница УСЈЕ вработува помлади оператори во производство

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од
една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Помлади оператори во производство
Одговорен за следење и контрола на правилната и точната работа на процесната опрема, како и помагање во водење на технолошкиот процес на подготовка на суровинско брашно, процес на добивање готов производ, пакување и палетизирање на цемент и усјемал во склад со процедурите за работа. За време на застои и заглавување учествува во отстранувањето на дефектите, одглавувањето, и расчистувањето на погонот. Работното време се одвива во три смени. Основната нето-плата за работното место изнесува од 35.000, додека платата се зголемува со додатоците за сменско работење и прекувремена работа.
Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Kвалификации на кандидатите:
• CCC/IV степен стручна подготовка
• Претходно работно искуство од 1 година ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на
неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува
соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална
определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk
во делот „Кариера/Придружете ни се“ или на mail: hr@usje.mk или да достават CV во архива во
просториите на Цементарница УСЈЕ.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Активен до:    24.11.2024

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Вработување