X
 25.07.2024 Препорачани огласи

Оглас за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-27030/1 од 23 јули 2024 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува

ОГЛАС
за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија


1.Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на четири (4) извршители и тоа:

- 1 извршител на работното место „помлад систем-инженер I степен“ во Отсекот за надзор и ИТ-безбедност во Секторот за информациска технологија, на определено време во траење од 2 години;
- 1 извршител на работното место „помлад организатор“ во Отсекот за ИТ-услуги во Дирекцијата за ИТ инфраструктура, на определено време во траење од 2 години;
- 1 извршител на работното место „помлад програмер“ во Отсекот за изработка на големи апликативни проекти во Дирекцијата за апликации, на определено време во траење од 2 години и
- 1 извршител на работното место „угостител почетен I степен“ во Отсекот за спроведување на склучените договори за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки, на определено време во траење од 1 година.

2.Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следните општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

3.Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- за работното место „помлад систем-инженер I степен“ во Отсекот за надзор и ИТ-безбедност во Секторот за информациска технологија, да имаат завршено факултет од областа на информатичките науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж, од најмалку 1 година, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивната работа со оперативни системи (MS Windows), работа со мрежи и комуникациски уреди (TCP/IP, Cisco IOS), работа со бази на податоци (MS SQL server), познавање на стандарди за ИТ сигурност (ИСО 27001) и управување со ИТ услуги (ИТИЛ, ИСО20000), управување со ризици, континуитет во работењето и познавања од областа на работењето на Народната банка.
- за работното место „помлад организатор“ во Отсекот за ИТ-услуги во Дирекцијата за ИТ инфраструктура, да имаат завршено средно училиште во траење од 4 години (пожелно информатичка насока), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, ITIL, MS Windows оперативни системи, мрежна околина, хардвер (компјутери, принтери, скенери, итн.), апликации за канцелариско работење (MS Office).
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на ИТ хардвер, TCP/IP LAN и WAN технологии, MS Windows оперативни системи, мрежна околина, хардвер (компјутери, принтери, скенери, итн.), корисничко познавање на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint, Access) и познавање на англиски јазик.
- за работното место „помлад програмер“ во Отсекот за изработка на големи апликативни проекти во Дирекцијата за апикациии, да имаат завршено факултет од областа на информатичките науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж, од најмалку 1 година, да имаат познавање на англиски јазик, одлично владеење на Microsoft развојна околина (MS Visual Studio), работа со бази на податоци MS SQL сервер.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното владеење на Microsoft развојна околина, работа со бази на податоци MS SQL сервер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
- за работното место „угостител почетен I степен“ во Отсекот за спроведување на склучените договори за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки, да имаат завршено средно училиште во траење од 4 или 5 години VБ, да бидат со или без работен стаж, да поседуваат угостителски вештини.

4.Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:
‒ пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
‒ кратка биографија (на македонски јазик или на македонски и албански јазик, за кандидатите припадници на албанската заедница);
‒ препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи;
‒ доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
‒ потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
‒ диплома или уверение за завршено образование;
‒ кандидатите за работните места од точка 1 алинеја 1 и 3 доказ за работен стаж, а кандидатите за работните места од точка 1 алинеја 2 и 4 само доколку го имаат, од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат);
‒ кандидатите за работните места од точка 1, алинеја 1 и 3 треба да достават доказ за познавање на англиски јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик) и

Сите докази може да бидат доставени во копија.

5.Работното време во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.

6. Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 алинеја 1 и 3 кои за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец. Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 алинеја 2 и 4 кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 6 месеци.

7.Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

8. Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 алинеја 1 изнесува 59.078,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 30.023,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 алинеја 2 изнесува 35.068,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 17.396,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 24.842,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 алинеја 3 изнесува 56.342,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 28.655,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 алинеја 4 изнесува 29.065,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 13.218,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 20.632,00 денари.

9. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

11. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.

12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.


Народна банка на Република Северна Македонија

1. Народната банка може да контактира со претходните и со тековните работодавачи за професионалното искуство на кандидатите и за нивните меѓучовечки односи.
Активен до:    06.08.2024

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани огласи