X
 04.09.2024 Вработување

Цементарница УСЈЕ вработува инженер за готов бетон

ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ АД СКОПЈЕ,
ГРУПАЦИЈА ТИТАН ВРАБОТУВА
ИНЖЕНЕР ЗА ГОТОВ БЕТОН

Придружете се на нашиот тим во Цементарница УСЈЕ, водечкa компанија во цементната индустрија посветена на извонредност во производството и одржливоста. Фокусирани сме на содзавање производи со висок квалитет, при што го минимизираме нашето влијание врз животната средина. Заради проширување на нашите активности, бараме квалификуван инженер за готов бетон да се приклучи на нашиот динамичен тим.

ЗА ПОЗИЦИЈАТА
Инженерот за готов бетон има клучна улога во обезбедување ефикасно и безбедно работење на нашата постројка за готов бетон. Инженерот за готов бетон ќе биде одговорен за надгледување на процесот на производство, оптимизирање на ефикасноста и спроведување иницијативи за континуирано подобрување за да се задоволат потребите на клиентите.
Идеалниот кандидат треба да има искуство во градежништво или индустрија.

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ
• Управување и контрола на производствениот процес според интерните барања и барањата на клиентите.
• Имплементација и спроведување на важечките стандарди за готов бетон.
• Спроведување на процедурите за безбедност при работа.
• Соработка со проект-менаџерите на градилиштата и со клиентите.
• Одржување постојана комуникација со менаџерите на локацијата за да се обезбеди навремена и точна испорака на готов бетон.
• Координирање на испораката на готов бетон до градилиштата.
• Анализа на резултатите од производството на готов бетон и давање предлози за подобрување на квалитетот и оптимизација на рецептурите.
• Постојано следење на квалитетот на произведениот бетон и соодветно известување.
• Документација за испорака на готов бетон (испратници и фактури), како и усогласување на дневното производство.
• Навремена набавка на суровини.
• Следење на процесот на тестирање на суровините (агрегати).
• Учество во нови проекти во соработка со секторот за продажба и Групацијата.
• Креирање нови рецептури во Protem Lab и SAP системот
• Поддршка на другите одделенија (лабораторија и продажба) преку извештаи.
• Навремено одржување на опремата преку координација со погонот за одржување.

ВЕШТИНИ И КВАЛИФИКАЦИИ:
• Високо образование, Градежен или Технолошки факултет
• Релевантно искуство во градежна индустрија или индустријата за градежни материјали ќе се смета за предност.
• Познавањето на важечките стандарди за бетон и агрегати ќе се смета за предност.
• Посветеност на безбедноста, животната средина, квалитетот и постојаното подобрување.
• Познавање на дигитални вештини (MS Office и други алатки за вештачка интелигенција),
• Напредно ниво на писмен и вербален англиски јазик
• Познавање и работа во SAP системот ќе се смета за предност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ:
• Подготвеност за учење и самоподобрување
• Одлични комуникациски и лидерски вештини
• Способност за работа во динамична средина
• Способност за одредување приоритети и да прави правилни проценки.

ШТО НУДИМЕ:
o Атрактивен пакет за наградување и бенефиции, вклучувајќи:
o Месечна плата од 46.000 до 60.000 МКД во зависност од квалификациите на кандидатот
o Стимулации и бонуси
o Бенефиции за благосостојба: приватно здравствено осигурување, бесплатни спортски активности, бесплатен оброк, бесплатни правни и финансиски консултации
o Максимален износ на регрес за годишен одмор
o Родителски и семејни бенефиции
o Можности за развој на кариера и обука
o Позитивна работна средина.

ТИТАН е посветен на обезбедување еднакви можности за вработување и ги забранува
сите форми на дискриминација. Сите апликации ќе бидат третирани рамноправно и со
најголема доверливост.

Аплицирајте онлајн на нашата веб страна https://www.usje.mk во делот
Кариера/Придружете ни се со приложено CV и мотивациско писмо на англиски
јазик.
Активен до:    14.09.2024

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Вработување