Научниците веруваат дека под антарктичкиот мраз се крие огромен објект што би можел да го промени начинот како ја доживуваме историјата.
Огромна мистериозна „аномалија“ најверојатно се наоѓа под вечниот
мраз во областа наречена Вилксова земја.
Некои истражувачи сметаат дека таму се наоѓаат остатоци од огромен астероид, двапати поголем од тој што ги збришал диносаурусите од лицето на Земјата.
Ако тоа е точно, астероидот предизвикал истребувања во добата на пермот и тријасот, што однело 96 отсто морски суштества на нашата планета и околу 70 проценти ’рбетници.
Меѓутоа, луѓето со бујна фантазија сметаат дека станува збор за огромна база на НЛО, па дури и премин во мистериозен подземен свет.
Инаку, во 2006 година на Вилксовата земја НАСА воочила гравитациона аномалија што би требало да е показател за присуство на огромен објект што стои во кратер со дијаметар од 480 километри.
Научникот кој прв ја воочил аномалијата верува дека станува збор за место на удар од голем астероид.
- Овој удар бил поголем од тој што ги истребил диносаурусите и веројатно предизвикал огромна штета -, вели Ралф вон Фресе, професор по геологија на Универзитетот во Охајо.