Животот во најстуденото населено место на Земјата не звучи примамливо. Меѓу другото, сопствениците на автомобили во руската покраина Јакутија во Сибир ги оставаат вклучени автомобилите преку ноќ. На ова место температурите може да паднат и до -60 Целзиусови степени.
Доколку автомобилот е незаштитен на вакви услови, тој може да замрзне за неколку минути. За одмрзнување, жителите користат посебна техника која трае околу два часа. Најдобро решение е автомобилот да се чува во загреана гаража, но тоа може да биде тешко и скапо.
Затоа, многу жители одлучуваат да го извадат акумулаторот од автомобилот и возилото да го остават надвор во текот на зимата. Друга опција е да се остави вклучен моторот во автомобилот, што е вообичаена практика во овој регион. Таму може да се видат паркирани автомобили со вклучени мотори од октомври до април.
Видео објавено на „Јутјуб“ покажува како жителите во Јакутија се грижат за нивните автомобили во зима.
Извор:
Jutarnji
Насловна фотографија: Pixabay