X
 01.02.2023 Живот

„Фајзер“ со рекорден приход во 2022 година - над 100 милијарди долари

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека ја заврши 2022 година со најголем приход досега благодарение на вакцината и лековите за ковид-19, предупредувајќи истовремено дека очекува послаб резултат оваа година поради намалените случаи на инфекција со вирусот и резервите.

Приходите на „Фајзер“ минатата година се зголемени за 23 отсто, на 100,3 милијарди долари. Додека нето-добивката е зголемена за 43 проценти, на 31,4 милијарди долари, соопшти компанијата.

Со исклучок на вакцината против ковид-19 и лекот „пакскловид“, приходите на „Фајзер“ минатата година беа за 2 отсто повисоки во споредба со 2021 година. Приходите од вакцините против коронавирусот и лекот „пакскловид“ беа 56,7 милијарди долари.

Во 2023 година компанијата очекува значително помал приход од 67 до 71 милијарда долари бидејќи се намалува заразата со коронавирусот, а голем број земји имаат резерви на вакцини и лекови.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот