Доматите можат да помогнат во борбата против бактериските инфекции во цревата, покажало новото истражување.
Еден од најшироко консумираниот зеленчук во светот (или можеби овошје?), е преполн со антиоксиданси, витамини и други соединенија – а кај две од нив, научниците од Универзитетот „Корнел“ во САД, во серија експерименти со клетки, идентификувале и моќни својства за уништување на бактерии.
Истражувачкиот тим, предводен од микробиологот од „Корнел“, Јеонгмин Сонг, бил заинтересиран за салмонелата, род на цревна бактерија која ги напаѓа цревата, често предизвикувајќи труење со храна.
Поточно, тимот се фокусирал на еден тифоидален серотип на салмонела – „Salmonella enterica Typhi“, кој живее само кај луѓето и предизвикува тифусна треска, кога се движи кон крвотокот од цревата и се шири низ телото. Како и со другите патогени кои се пренесуваат преку храната, правилното третирање и складирање на храната, заедно со пристапот до антибиотици, може да им помогне на луѓето да избегнат труење со храна од салмонела. Сепак, тифусната треска останува голем проблем во јавното здравство во многу делови од светот, каде што луѓето немаат пристап до чиста вода, санитарни услови или вакцини против тифус. Се пренесува од човек на човек преку контаминирана храна и вода, а децата се изложени на најголем ризик.
Во 2016 година, првата епидемија на тифусна треска во светот, екстензивно отпорна на лекови - го зафати Пакистан, а осум години подоцна, експертите за заразни болести сè уште стравуваат дека тифусната треска може да предизвика регионални или глобални епидемии, ако не се контролира.
Неухранетоста е исто така, честа појава во Пакистан и други земји низ Азија, Африка, Латинска Америка и Карибите. Студија од 2023 година во 64 земји покажала дека речиси половина од децата под 2 години не консумираат овошје или зеленчук во нивната исхрана.
-Нашата главна цел во оваа студија беше да откриеме дали сокот од домати и доматите воопшто може да ги убијат ентеричните патогени, вклучително и „Salmonella Typhi“. И ако е така, кои се квалитетите што ги поседуваат за борба против бактериите“, објаснил Сонг.
Лабораториски одгледуваните култури на „Salmonella Typhi“, изложени на свежо исцеден сок од домати, биле уништени во рок од 24 часа, а киселоста на сокот не е причината за тоа. Истражувачите го скенирале геномот на доматите (Solanum lycopersicum), барајќи гени кои кодираат мали протеини наречени пептиди, кои би можеле да дејствуваат како антимикробни агенси. Од четворица првични кандидати, тимот идентификувал два антимикробни пептиди кои го инхибираат растот на „Salmonella Typhi“, па дури и го убиле сојот отпорен на ципрофлоксацин, примарниот антибиотик што се користи за лекување на тифусна треска. Конечно, истражувачите ја моделирале формата на пептидите од нивните два водечки кандидати и ги симулирале нивните интеракции со бактериските клеточни мембрани. Како што било предвидено во моделирањето, двата пептиди ги пукнале клеточните мембрани на „Salmonella Typhi“, за само 45 минути.
Во понатамошните експерименти, соединенијата ја убиле и „Salmonella Typhimurium“, сој на нетифусна салмонела, која предизвикува несмртоносно труење со храна.
Имајќи предвид дека ова се само експерименти со клетки, наодите од студијата не се причина за да се пие сок од домати во огромни количини -ниту еден вид на храна нема сам да направи магија сама по себе. Напротив, студијата ги нагласува пораките за јавно здравје кои ги охрабруваат луѓето да јадат домати како дел од исбалансираната исхрана, која се разбира вклучува и многу други видови на овошје и зеленчук - под услов луѓето да користат добри методи за хигиена на храната, затоа што тоа може да помогне да се заштитат од болести и можно труење со храна.
Сепак, тоа зависи и од достапноста и пристапот до таква исхрана.

Инаку, студијата е објавена во „Микробиолошки спектар“.

Доматите можат да помогнат во борбата против бактериските инфекции во цревата, покажа ново истражување.
Доматот е преполн со антиоксиданси, витамини и други соединенија – а кај две од нив научниците од Универзитетот „Корнел“ во САД, во серија експерименти со клетки, идентификувале моќни својства за уништување бактерии.
Истражувачкиот тим, предводен од микробиологот Јеонгмин Сонг од „Корнел“, бил заинтересиран за салмонелата, бактерија која ги напаѓа цревата често предизвикувајќи труење со храна.
Поточно, тимот се фокусирал на еден тифоидален серотип на салмонела – „Salmonella enterica Typhi“, кој живее само кај луѓето и предизвикува тифусна треска кога се шири низ телото. Како и со другите патогени што се пренесуваат преку храната, правилното третирање и складирање на храната, заедно со пристапот до антибиотици, може да им помогне на луѓето да избегнат труење со храна од салмонела. Сепак, тифусната треска останува голем проблем во јавното здравство во многу делови од светот, каде што луѓето немаат пристап до чиста вода, санитарни услови или вакцини против тифус. Се пренесува од човек на човек преку контаминирана храна и вода, а децата се изложени на најголем ризик.
Во 2016 година првата епидемија на тифусна треска во светот, екстензивно отпорна на лекови, го зафати Пакистан, а осум години подоцна експертите за заразни болести сè уште стравуваат дека тифусната треска може да предизвика регионални или глобални епидемии, ако не се контролира.
Неухранетоста, исто така, е честа појава во Пакистан и во други земји низ Азија, Африка, Латинска Америка и Карибите. Студија од 2023 година, во 64 земји, покажала дека речиси половина од децата под 2 години не консумираат овошје или зеленчук во нивната исхрана.
- Нашата главна цел во оваа студија беше да откриеме дали сокот од домати и доматите воопшто може да ги убијат ентеричните патогени, вклучително и „Salmonella Typhi“. И ако е така, кои се квалитетите што ги поседуваат за борба против бактериите - вели Сонг.
Лабораториски одгледуваните култури на „Salmonella Typhi“, изложени на свежо исцеден сок од домати, биле уништени во рок од 24 часа, а киселоста на сокот не е причината за тоа. Истражувачите го скенирале геномот на доматите (Solanum lycopersicum), барајќи гени кои кодираат мали протеини наречени пептиди, кои би можеле да дејствуваат како антимикробни агенси. Од првичните четири кандидати, тимот идентификувал два антимикробни пептиди кои го инхибираат растот на „Salmonella Typhi“, па дури и го убиле сојот отпорен на ципрофлоксацин, примарниот антибиотик што се користи за лекување тифусна треска. Конечно, истражувачите ја моделирале формата на пептидите од нивните два водечки кандидати и ги симулирале нивните интеракции со бактериските клеточни мембрани. Како што било предвидено во моделирањето, двата пептиди ги пукнале клеточните мембрани на „Salmonella Typhi“ за само 45 минути.
Во понатамошните експерименти соединенијата ја убиле и „Salmonella Typhimurium“, сој на нетифусна салмонела, која предизвикува несмртоносно труење со храна.
Имајќи предвид дека ова се само експерименти со клетки, наодите од студијата не се причина да се пие сок од домати во огромни количини. Напротив, студијата ги нагласува пораките за јавно здравје кои ги охрабруваат луѓето да јадат домати како дел од избалансираната исхрана, која вклучува и многу други видови овошје и зеленчук - под услов луѓето да користат добри методи за хигиена на храната затоа што тоа може да помогне да се заштитат од болести и можно труење со храна.