Американски научници создале ултра силен антибиотик кој ќе се бори со најпроблематичните бактерии. Оваа верзија на „ванкомицин“ е илјада пати посилна од претходниот лек.
Фото извор: SRL / BBC.com
Лекот се бори со бактериите на три различни начини и допрва ќе се тестира на животни и луѓе.
Експертите предупредуваат дека се наоѓаме на врвот на една „пости-антибиотска ера“ кога некои инфекции би можеле да не можат да се третираат. Една таква инфекција е vancomycin-resistant enterococci или VRE. Пронајдено е дека може да предизвика опасни рани и инфекции на крвотокот. Некои антибиотици сѐ уште делуваат против инфекцијата, но досега употребуваниот „ванкомицин“ е веќе немоќен.
Научниците ја модифицираат верзијата за да го направат лекот посилен. Модифицираниот лек можел да ги убие примероците на VRE во лабораторијата и да ја задржи речиси целата моќност по 50 изложувања на бактеријата.
Според лекарите од тимот, оваа модифицирана форма е од огромна важност затоа што ванкомицинот е антибиотик против сериозни
инфекции.