Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја води неговата нација за време на нападот од страна на Русија. Но пред да влезе во политиката и да стане претседател во 2019 година, Зеленски бил комедијант и телевизиска ѕвезда.
Тој студирал право, но неговата кариера сменила правец кога почнал да се занимава со театар и комедија за време на студиите. Зеленски го завршил правниот факултет во 2000 година, но уште во 1997 г. настапувал во театарски претстави и во телевизиска емисија.
Во 2005 година Зеленски напишал сценарио за „Тројцата мускетари“, во кој самиот имал улога. Подоцна напишал и глумел во четири филма.
Во 2006 година Зеленски победил во натпреварувачкото шоу „Танц со ѕвездите“, во кое учествувал со Елена Шоптенко.
Зеленски го позајмил својот глас за цртаниот лик Падингтон во украинската верзија на двата филма „Падингтон“.
Учествувал во телевизиско шоу во Украина во кое глумел претседател. Во емисијата, која се прикажувала од 2015 до 2019, ликот на Зеленски бил наставник-идеалист кој се бори против корупцијата во владата и подоцна станува претседател. Нешто слично му се случи на Зеленски веднаш по емисијата бидејќи тој стана претседател откако освои над 70 отсто од гласовите на изборите во април 2019 г.
Зеленски е Евреин и неговиот дедо го преживеал холокаустот, иако браќата на дедо му не успеале.
Зеленски има две деца со сопругата Елена Зеленска, која е сценарист. Володимир и Елена се сретнале на факултет. Нивната ќерка Александра има 17 години, а синот Кирил има 9 години.
Извор:
Insider
Насловна фотографија:
Wikipedia